Дома Фудбал Американци за 350 милиони евра ја купуваат Аталанта

Американци за 350 милиони евра ја купуваат Аталанта

Според најавите од Италија Аталанта ќе добие новие газди и тоа инвестициски фонд од САД.

Најавите се дека тие ќе ја купат Аталанта за 350 милиони евра. Семејството Прекаси ја презема Аталанта во 2010 година кога клубот беше во втора лига, а денес Аталанта со Гасперини на клупата важи за еден од најдобрите тимови во Италија. Веќе неколку години наназад имаа и место во Лигата на шампионите.

Инвестицискиот фонд од САД за 350 милиони евра би купил 85% од акциите додека остатокот ќе остане во семејството Перкаси. Досегашниот претседател Антонио ќе ја напушти оваа функција, но ќе остане еден од директорите.

Треба да се спомене дека Атонио Прекаси е и поранешен фудбалер на Аталанта кој за клубот дебитираше на 17 години, меѓутоа ја заврши кариерата на само 23 години и се посвети на бизнисот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…