Дома Трансфер зона Ал-Хилал носи друштво на Митровиќ и Савиќ: Ќе се засилува и со трет Србин?

Ал-Хилал носи друштво на Митровиќ и Савиќ: Ќе се засилува и со трет Србин?

На Ал Хилал му оди oдлично оваа сезона во Про лигата на Саудиска Арабија бидејќи имаат дури 12 бода пред првиот второпласираниот Ал Наср.

Голема заслуга за успехот на „Сините“ има и тандемот српски репрезентативци Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ, а наскоро би можел да им се приклучи уште нивни сонародник.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Саудиска Арабија повторно се појавија информации за интерес на Ал Хилал за играчот на Јувентус, Филип Костиќ, кој има ограничена минутажа во вториот дел од сезоната.

Неодамна се појави информација дека за играчот од Крагуевац се заинтересирани неколку француски клубови, меѓу кои и Олимпик Марсеј, па постојат шанси Костиќ да биде во дилема дали да остане во Европа или да ја бара среќата на Блискиот Исток, каде што веќе заминаа голем број фудбалери од Европа.

Србинот има договор со Јувентус кој трае до летото 2026 година, па јасно е дека Ал Хилал би морал да плати одредена отштета за фудбалерот кој во Торино пристигна од Ајнтрахт во трансфер вреден 14.000.000 евра. Костиќ оваа сезона има 26 настапи и четири асистенции за „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Брујне може да си оди, Гвардиола ја наде замената

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …