48-годишниот Алесандро Неста, поранешен легендарен играч на римски Лацио и Милан и на италијанската репрезентација, ја презеде тренерската функција во Монца, италијанскиот фудбалски прволигаш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неста на клупата на Монца ќе го наследи Рафаел Паладино, кој го водеше клубот до крајот на минатата сезона, но потоа се пресели во Фиорентина.
Неста потпиша едногодишен договор со Монца, кој автоматски ќе биде продолжен доколку се исполнат целите поставени од раководството на клубот.
Професионалната играчка кариера Неста ја започна во Лацио каде играше девет сезони, а потоа се пресели во Милан со кој двапати ја освои титулата во Серија А, а двапати беше и освојувач на Лигата на шампионите, во 2003 и 2007 година.
Кариерата ја заврши играјќи за Монтреал и индискиот тим Ченаиин.