Дома Фудбал Алегри: Јувентус не зависи од Роналдо, бевме тим со идентиет и пред него

Алегри: Јувентус не зависи од Роналдо, бевме тим со идентиет и пред него

Актуелниот шампион на Италија денес го игра натпреварот на гостински терен против Фросиноне во рамките од петото коло во италијанската Серија А.

„Старата дама“ во овој натпревар сака да дојде до нова победа, а сигурно дека центарот на вниманието ќе биде Роналдо. Португалецот во минатото коло стигна до своите први погодоци за Јувентус, сега се очекува да продолжи да погодува.

Со доѓањето на Роналдо апетите на навивачите и очекувањата од Јувентус се многу поголеми, најмногу тоа се однесува на Лигата на шампионите. Меѓутоа тренерот на овој клуб Алегри одлучи да ја „спушти топката на земја“ кога во прашање е улогата на Роналдо во тимот.

„Не можам да кажам дека Јувентус зависи од Кристиано Роналдо. Тој заедно со Меси е најдобриот играч во светот и многу значи за тимот. Но не можете да кажете дека зависиме од него бидејќи ние бевме тим со свој идентитет и пред Роналдо. Ниту еден играч не е поголем од Јувентус и тоа секогаш ќе биде така“, изјави Алегри.

Натпреварот помеѓу Фросиноне и Јувентус се игра вечерва со почеток од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…