Дома Фудбал Англија Ако Јунајтед сака да го задржи Солскјер ќе мора на Молде да му исплати дополнителна оштета

Ако Јунајтед сака да го задржи Солскјер ќе мора на Молде да му исплати дополнителна оштета

Жозе Мурињо во вторникот заработи отказ од Манчестер Јунајтед, а вчера него го наследи Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот пристигна од Молде и потпиша договор од крајот на сезоната. Но, една ставка од договорот со Норвежанецот открива дека на „Олд Трафорд“ имаат големи очекувања од него.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, како што пренесува „Скај Спорт“ Манчестер Јунајтед договорил оштета со Молде за својот нов тренер да добие повеќегодишен договор во Манчестер.

Секако, таа оштета се уште нема да ја плаќаат. Договорена е сума од осум милиони евра која Молде ќе ја добие ако Солскјер добие нов договор на „Олд Трафорд“.

Останува да видиме дали Солскјер ќе ја натера управата на „ѓаволите“ на такво нешто наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер сити со еден трансфер може да реши – два проблеми

Манчестер сити планира големи инвестиции во летниот трансфер период за да не му се повтори…