Дома Топ вести Ако се собере се најавува едно нешто: Нејмар се сели во Реал Мадрид!

Ако се собере се најавува едно нешто: Нејмар се сели во Реал Мадрид!

Реал Мадрид и ПСЖ се обидуваат да го договорат трансферот на Нејмар.

Полека станува јасно дека Нејмар нема да го гледаме во Париз во сезоната која следи. Директорот Леонардо вчера потврди дека постојат напредни преговори за продажба на Бразилецот. Нејмар сака да се врати во Барселона, меѓутоа Барселона не успева да пронајде заеднички јазик со шампионот на Франција.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во трката за Нејмар се вклучи и Реал Мадрид кој е во контакт со ПСЖ и ќе се обиде да ја провери ситуација и на крајот можеби ќе направи сензационален трансфер.

Се уште нема конкретни понуди, но извори блиски на ПСЖ пишуваат дека ПСЖ во Мадрид сака да разговара за алтернативни опции.

Дури се шпекулира дека напаѓачот во Мадрид би можел да пристигне на едногодишна позајмица, а тоа изгледа како добра работа за сите страни (ако Нејмар сака во Реал). Тоа би му овозможило на ПСЖ да ја зголеми цената и да го продаде во 2020.

За Реал тоа би бил малку ризичен потег за вложување во играч кој неспорно има огромен потенцијал. Нејмар би добил прилика да се врати во Шпанија. ПСЖ нема добар однос со Барса и во јавноста изгледа дека во Париз повеќе сакаат да го продадат Нејмар во Реал.

Бразилскиот „ГлобоЕспорте“ во четвртокот извести дека претставници на Нејмар се сретнале со Реал за да разговараат за можност тој да се пресели во шпанската престолнина, додека нивните разговори со Барселона паднале во втор план.

Во текот на кариерата Нејмар никогаш не дал ниту една изјава против Реал Мадрид бидејќи беше свесен за пријателските врски кои ги има неговиот татко со Флорентино Перез.

Во април минатата година таткото на Нејмар најмалку три пати се сретна со директорите на Реал Мадрид во Рио Де Женеиро. Но, напаѓачот во Париз беше само неколку месеци и тогаш се сложиле дека катарските сопственици во никој случај во тој момент нема да ја пуштат својата главна ѕвезда. Планот беше да се почека Светското првенство и сезоната 2018/2019.

Потоа следуваа приватните проблеми на Нејмар, а на сето тоа влезе и во „војна“ со ПСЖ и од тогаш се разгледува можноста за негово враќање во Шпанија. Колку и да инсистираше на дресот на Барселона, можноста за трансфер во Реал станува се по актуелна и по реална.

Друг важен фактор во потенцијалниот трансфер во Реал е добриот однос кој го има сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи со Флорентино Перез. Секогаш се почитувале меѓусебе – до толку што кога се појавија шпекулации за Нејмар и Мбапе (минатата година) Реал веднаш објави официјално соопштени во кое ги демантираше тие информации.

Тоа е голема спротивност од она што се случува во односот помеѓу ПСЖ и Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…