Некогашниот селектор на Аргентина, Анхел Капа, го коментираше најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, заминувањето од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Фудбалскиот свет беше стресен пред неколку дена кога Нејмар одлучи да ја напушти Барселона и да го засили ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра што е убедливо најскапиот трансфер некогаш. Многумина го обвинија Нејмар дека тоа го направил поради парите, но и дека сака да излезе од сенката на Меси, но Бразилецот тоа го демантираше и порача дека го послушал срцето кога заминал во Париз.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој трансфер го искоментира и некогашниот селектор на Аргентина, Анхел Капа кој немаше влакна на јазикот. Капа јасно истакна дека овој потег на Нејмар е жалосен, и дека е јасно дека ова го направил само поради парите и славата.
„Трансферот на Нејмар во ПСЖ е жалосен потег, ја замени посветеноста кон фудбалот поради потрагата на пари и слава. Тој беше значаен дел во Барселона. Ако причината за неговото заминување е да биде поголем од Меси тогаш тој е идиот. Роналдо е еден од најдобрите кои сум ги видел, Нејмар исто така е добар, но Меси е од друга планета“, истакна Капа.