Дома Фудбал Агуеро ја тужи Барселона, бара три милиони евра

Агуеро ја тужи Барселона, бара три милиони евра

Серхио Агуеро бара Барселона да му исплати оштета во висина од три милиони евра за сезоната 2023/2024.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, поранешниот напаѓач на Барселона поднел тужба против каталонскиот клуб поради неисплатени плати во износ од три милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Агуеро се пресели во Барселона во мај 2021 година, но мораше да ја заврши кариерата во декември истата година, откако му беше дијагностицирана срцева болест.

Во договорот со Барса било дефинирано дека нема да има никакви побарувања за втората сезона од потпишаниот двегодишен договор.

Агуеро сепак очекува да му бидат исплатени платите за периодот во кој настапуваше за каталонскиот клуб, па сега официјално го тужел клубот поради неисплатени пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жоао Педро дојде од плажата, постигна два спектакуларни гола, па се извинуваше (Видео)

Фудбалерите на Челси се првите финалисти на Светското првенство за клубови откако синоќа в…