Дома Топ вести Агентот на новата бразилска ѕвезда го потврди интересот на Ливерпул

Агентот на новата бразилска ѕвезда го потврди интересот на Ливерпул

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Ливерпул следното лето, пренесуваат англиските медиуми.

24-годишното десно крило Рафиња минатата сезона одигра одлично во дресот на Лидс, а синоќа блесна и во дресот на бразилската репрезентација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Неговиот агент Деко потврди дека Ливерпул го сака Бразилецот и дека се обидел да го ангажира уште во летниот преоден рок.

„Со сигурност има многу клубови кои го сакаат. Ливерпул сакаше да го ангажира минатото лето, но Лидс одлучи да го задржи уште една сезона. Рафиња има договор на уште три години, но сигурно доаѓа моментот кога сака да направи исчекор во кариерата“, изјави агентот.

Ливерпул во летниот преоден рок беше спремен да понуди 35 милиони фунти за неговиот потпис, но во моментов неговата цена порасна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…