Дома Фудбал Италија Агентот: Бака е среќен во Милан!

Агентот: Бака е среќен во Милан!

Во изминатиот период се појавија гласини дека Карлос Бака во јануарскиот преоред рок би можел да го напушти Милан, но неговиот агент категорично го демантираше тоа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Агентот тврди дека Бака е среќен во Милан и дека раководството исто така нема намера да го пушти Колумбиецот да замине од „Сан Сиро“.

„Бака е многу среќен во Милан. Покрај тоа, тренерот Винченцо Монтела и луѓето од раководството се задоволни од неговите партии и не сакаат да го пуштат“, истакна агентот Серхио Барија.

Медиумите константно пишуваат дека Бака е трансфер цел на Вест Хем и ПСЖ, но според оваа изјава тој најверојатно ќе остане во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити го враќа Мареска, Челси ќе добие 20 милиони евра

Манчестер Сити постигнал договор со Челси за предвремен раскин на договорот на Енцо Мареск…