Дома Останати Џошуа: По борбата на Руиз му кажав дека е голем шампион

Џошуа: По борбата на Руиз му кажав дека е голем шампион

Ентони Џошуа ја врати титулата на светски шампион во тешка категорија, откако со едногласна одлука на судиите во реваншот го победи Енди Руиз.

Британецот го „здрма“ Мексиканецот уште во првата рунда по одличниот удар, но Руиз успеа да издржи до крајот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На прес-конференцијата по борбата новинарите ги интересираше што му кажал Џошуа на Руиз.

„Му кажав никогаш да не се откажува. Само му го кажав тоа. Тешко е, ти си голем човек. Ти си голем шампион. Но му реков да го следи својот сон“, вели Џошуа.

Се очекува во следниот период Џошуа и Руиз да договорат уште една борба, односно трета меѓусебна пресметка, па фановите ќе можат да уживаат во голем спектакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…