Дома Фудбал Џон Тери доби специјален подарок од младиот дефанзивец на Сити кој блесна против ПСЖ

Џон Тери доби специјален подарок од младиот дефанзивец на Сити кој блесна против ПСЖ

Манчестер Сити на „Етихад“ го победи ПСЖ со 2:0 и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ со убедлива игра со совладаа ПСЖ и со вкупни 4:1 обезбедија место во нивното прво финале во ЛШ. Еден од најзаслужните што Сити ќе игра во финалето е дефанзивецот Рубен Диас.

23 годишниот дефанзивец одигра одличен натпревар. Направи напаѓачите на ПСЖ да бидат невидливи на теренот. После натпреварот Диас го испрати дресот со потпис до Џон Тери и му напиша:

„Голема почит до еден од моите најголеми идоли“, напишал на дресот.

Тери секако бил пресреќен за подарокот кој го добил и се заблагодари на младиот дефанзивец на „граѓаните“.

„Колку добар меч одигра ова момче вчера. Ти благодарам на подарокот пријателу“, порача Тери на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…