Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе игра ли Роналдо против Барселона? Јувентус испратил документација до УЕФА

Ќе игра ли Роналдо против Барселона? Јувентус испратил документација до УЕФА

Кога беа извлечени групите од Лигата на шампионите на големо се најавуваше судирот на Меси и Роналдо за натпреварите Јувентус и Барселона.

Јувентус и Барселона ќе играат следната недела во Торино, но настапот на Роналдо за овој меч е доведен под знак прашалник бидејќи Португалецот е позитивен на Ковид-19.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што сега стојат работите Роналдо ќе добие зелено светло да игра против Барселона и тоа благодарение на УЕФА протоколот.

Според протоколот на УЕФА играчот може да се најде на списокот за еден меч ако нема симптоми и се чувствува добро. Роналдо денес објави видео на Инстаграм на кое се гледа дека е добро и нема симптоми. Во меѓувреме Јувентус испрати документација до УЕФА.

Како и да е сепак, клучно ќе биде тестирањето пред натпреварот. Ако тој тест на Роналдо биде негативен тогаш ќе може да игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…