Дома Трансфер зона Њукасл ја „краде“ големата желба на Милан

Њукасл ја „краде“ големата желба на Милан

Њукасл во зимскиот преоден рок ќе има огромен буџет на располагање и сака значително да го засили тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл ќе има на располагање буџет од околу 200-300 милиони евра, а приоритет ќе биде засилување на одбраната.

„Скај Спорт“ пренесува дека Њукасл започнал преговори со дефанзивецот на Лил и холандски репрезентативец, Свен Ботман.

Ботман игра фантастично во Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, особено на Милан. Меѓутоа, Њукасл има поголема финансиска моќ и сака да го „украде“ играчот пред носот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…