Дома Трансфер зона Њукасл преговара со две ѕвезди на Манчестер Јунајтед

Њукасл преговара со две ѕвезди на Манчестер Јунајтед

Парите за Њукасл нема да бидат проблем и затоа клубот ќе сака да се засили во јануари со цел да избегне испаѓање од Премиер лигата. 

Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл ќе има на располагање буџет од околу 200-300 милиони евра, а веќе започнале преговори со две ѕвезди на Манчестер Јунајтед, а тоа се Ентони Марсијал и Џеси Лингард.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Лингард е квалитетен фудбалер, но во Манчестер Јунајтед не добива голема минутажа, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Според информациите од Островот преговорите со Њукасл започнал и се разговара за договор на четири ипол години со двојно поголема плата од актуелната.

Слична е ситуацијата и со Марсијал, кој не е задоволен на „Олд Трафорд“ и веќе најави дека сака да направи трансфер во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…