Дома Трансфер зона Јунајтед и Сити ќе се борат за потписот на Даглас Коста

Јунајтед и Сити ќе се борат за потписот на Даглас Коста

Зимскиот преоден рок штотуку заврши, а веќе се прават планови за следниот трансфер прозорец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесуваат дека двата клуба од Манчестер се силно заинтересирани за ѕвездата на Јувентус, Даглас Коста.

Бразилецот оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво, постигна само еден гол и две асистенции на 23 меча за „бјанконерите“, но не игра редовно и најчесто влегува од клупата за резерви.

Даглас Коста не е задоволен од својот статус во Јувентус и е спремен да се пресели во Премиер лигата, а клубовите од Манчестер ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.

Сепак, „бјанконерите“ нема лесно да се откажат од својата ѕвезда и за неговата слобода бараат 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…