Дома Фудбал Јунајтед го регистрира Роналдо со број 7📷

Јунајтед го регистрира Роналдо со број 7📷

Кристиано Роналдо веќе е регистриран во Премиер лигата, што значи дека добил работна виза.

Сајтот на Премиерлигата покажува дека португалската суперѕвезда е регистриран со број 7. Интересно е што со истиот број е запишан и Едисон Кавани, кој од минатата сезона го носи тој дрес.

Се уште не е јасно кој од двајцата ќе ја носи „седумката“, иако англиските медиуми тврдат дека таа ќе остане за Кавани.

Роналдо денес успешно ги мина лекарските прегледи и се очекува во секој момент неговиот трансфер да биде официјално потврен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осиек бара крај на лошата серија, Локомотива го чека на „Максимир“

Последниот дуел од 12. коло во хрватското првенство почнува во 18 часот. Осиек четири меча…