Дома Трансфер зона Јувентус ја „краде“ големата желба на Интер

Јувентус ја „краде“ големата желба на Интер

Јувентус е многу активен на трансфер пазарот, па Душан Влаховиќ најверојатно нема да биде единственото засилување за „бјанконерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ се насочила кон ѕвездат на Каљари, Нахитан Нандес.

26-годишниот Уругваец е поливалентен играч и може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но и како десно крило, па Алегри верува дека одлично ќе се вклопи во неговата формација.

Интересно е што Нандес е голема желба на Интер и беше на чекор од трансфер во Милано во летниот преоден рок.

Сега Јувентус се вклучи во трката и е многу блиску до реализација на трансферот, бидејќи Нандес инсистира да го напушти Каљари до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…