Дома Трансфер зона Јувентус ја договори ѕвездата на Локомотив Москва

Јувентус ја договори ѕвездата на Локомотив Москва

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус се договорил со ѕвездата на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „бјанконерите“ имаат комплетен договор со рускиот играч за врска, кој треба да се пресели во Торино следното лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Миранчук го привлече вниманието на Јувентус за време на натпреварите од Лигата на шампиони, кога постигна гол во двата меча против италијанскиот шампион.

Во исто време медиумите во Русија потврдуваат дека се започнати преговори помеѓу двата клуба, а посредник бил агентот Габриеле Џуфрида.

24-годишниот Миранчук игра позади напаѓачите, но може да игра и на крилните позиции. Неговиот договор со Локомотив истекува во 2021 година, а веќе има запишано и 25 меча за Зборнаја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…