Дома Трансфер зона Јувентус преговара со ѕвезда од Бундеслигата

Јувентус преговара со ѕвезда од Бундеслигата

Италијанскиот гигант Јувентус е заинтересиран за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.

Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на многу европски гиганти.

Швајцарскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот, па веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Јувентус бара засилување за средниот ред бидејќи сака да се ослободи од Артур, а прва желба на Алегри е токму Закарија.

„Старата дама“ веќе стапила во контакт со неговиот агент и е спремна да плати симболична сума за да го добие неговиот потпис уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…