Дома Трансфер зона Јувентус почна преговори за Милинковиќ-Савиќ

Јувентус почна преговори за Милинковиќ-Савиќ

Примарна трасфер цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот фудбалер влегува во последната година од договорот со Лацио и нема намера да ја продолжи соработката.

Поради тоа Лацио е спремен да го продаде ова лето и за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Јувентус е заинтересиран, но не е спремен да ја плати таа сума, па сака во трансферот да вклучи и други фудбалери. „Бјанконерите“ на Лацио му ги понудиле потписите на Пелегрини и Ровела.

Јувентус веќе е во контакт со агентот на Србинот и му нуди плата од 6 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…