Дома Трансфер зона Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


22-годишниот играч за врска игра фантастично, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а ова лето сака да направи чекор напред во кариерата.

Јувентус е силно заинтересиран бидејќи ова лето сака да донесе двајца квалитетни играчи за врска. Веќе го обезбеди потписот на Даглас Луиз од Астон Вила, па сега ќе тргне по Турам.

Турам влезе во последната година од договорот, па Ница е спремна да го продаде за 20-25 милиони евра.

Кефрен е син на легендата на Јувентус, Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Интер, Маркус Турам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…