Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гонзало Игуаин ова лето ќе ја напушти „старата дама“ бидејќи има 33 години и одигра слаба сезона.
Најновото име кое се поврзува со трансфер во Јувентус е напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.
Барселона ова лето ќе прави реконструкција на тимот и е спремна да се ослободи од Уругваецот, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Пирло верува сека Суарез би бил идеален напаѓач во неговата формација и го известил раководството да се обиде да го донесе во Торино.
33-годишниот Уругваец оваа сезона постигна 21 гол и 12 асистенции на 36 меча, а неговата цена се движи околу 15-20 милиони евра.