Дома Трансфер зона Јувентус во Барселона го најде наследникот на Киелини

Јувентус во Барселона го најде наследникот на Киелини

Јувентус ќе се обиде да го донесе дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Французинот оваа сезона нема одиграно ниту една минута и Каталонците се спремни да го продадат со цел да се ослободат од неговата плата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона за слободата на Умтити бара само 15 милиони евра, па Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Французинот во своите редови.

„Бјанконерите“ веруваат дека Умтити ќе биде идеален наследник на Киелини, кој ја игра последната сезона во кариерата.

27-годишниот Французин изминатите две сезони имаше проблем со повредите, но во Јувентус веруваат дека ќе биде добра инвестиција и дека може да игра на високо ниво уште неколку сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…