Дома Трансфер зона Јувентус веќе ја спреми понудата за Погба

Јувентус веќе ја спреми понудата за Погба

Италијанските медиуми се убедени дека Пол Погба може да се врати во Јувентус и тоа во зимскиот преоден рок.

Погба летото 2016 година за тогаш рекордни 105 милиони евра го замени дресот на Јувентус со оној на Манчестер Јунајтед. Сега поради конфликтот со Жозе Мурињо тој има намера да го напушти „Олд Траофрд“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми освен што тврдат дека постојат реални шанси Погба да се врати во Торино, наведуваат дека „старата дама“ спрема понуда од 80 милиони евра.

Погба со своето однесување покрај Мурињо ги налути и челниците на Манчестер Јунајтед, кои веќе дале „зелено светло“ за негово заминување уште во јануари. Сепак, „црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе добијат 100 милиони евра, за да ја вратат вложената инвестиција.

Покрај Јувентус, Погба се поврзуваше уште со Барселона и ПСЖ, но засега неговиот поранешен клуб е фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…