Италијанските медиуми пренесуваат дека главна мета на Јувентус ова лето ќе биде Мауро Икарди.
„Старата дама“ сака на лето да го продаде Игуаин, една година пред истекот на договорот и на негово место да го донесе Мауро Икарди.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Аргентинецот игра како позајмен играч во ПСЖ, но не сака да остане во Париз и сака да се врати во Италија, а Јувентус останува негов прв избор.
Икарди ќе се врати во Интер, има уште две години од договорот, но јасно е дека за него нема место на „Џузепе Меаца“.
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи верува дека ќе успее да го договори неговиот транфер и веќе имал неколку средби со неговата сопруга и агент, Ванда Нара.
„Старата дама“ е спремна за неговиот потпис да понуди 70 милиони евра, а Икарди ќе добие договор „тежок“ 8 милиони евра по сезона.