Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и Денвер немоќни: Минесота води 2:0 против шампионот!

Јокиќ и Денвер немоќни: Минесота води 2:0 против шампионот!

Tимот на Минесота поведе со 2:0 во серијата во полуфиналето на Западната конференција откако славеше и во вториот меч како гостин против Денвер.

Оваа пресметка Минесота ја доби многу поубедливо со 106:80, па така бранителот на тронот е во тешка ситуација бидејќи во следните две средби Минесота ќе биде домаќинот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како ретко кога, Денвер изгледаше немоќно, лошо го започна мечот и по првата четвртина губеше со 20:28. Клучна беше втората четвртина која Минесота ја доби со 33:15, а на пауза замина со убедлвии 26 разлика (61:35) и тука веќе се најавуваше вториот пораз за Јокиќ и друштвото.

Во вториот дел Денвер во ниту еден момент не успеа да се доближи и да го загрози водството на противникот.

Немаше одговор Денвер за тандемот Едвардс-Таунс, двајцата уфрлија по 27 поени. Јокиќ беше блиску до трипл-дабл, но со послаби бројки (16 поени, 16 скока и осум асистенции). Гордон поентерски беше најефикасен кај Денвер со 20 поени. Целосно запрен беше Џамал Мареј кој имаше само осум поени и шут од игра 3/18.

Во полуфиналето на Истокот помеѓу Њујорк и Индијана славеа домаќините со 121:117, благодарение на Брансон кој постигна 43 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гол на деценијата во Премиер лигата🎥

Во моментов се игра последното коло во Премиер лигата, а најинтересниот момент дефинитивно…