Јапонската пливачка Рикако Ике стана хит во светот на спортот. Оваа 20-годишна девојка избори пласман на Олимписките игри во Токио во дисциплина на 100 метри пеперутка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ништо немаше да биде необично, доколку пливачката пред две години не се разболе од леукемија и не заврши во болнички кревет.
По рехабилитацијата се врати во базен, а иако не е доволно подготвена, Ике направи сензационален резултат.
„Не го очекував ова, изненадена сум. Никогаш во животот не ја загубив самодовербата. Верував во овој момент“, вели Ике.