Вардар утре во рамките од четвртото коло во Лигата на Европа игра натпревар на гостински терен против тимот на Реал Сосиедад.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на црвено-црните, Чедомир Јаневски вечерва одржа прес конференција за медиумите на која зборуваше за своите очекувања од утрешниот натпревар.
„Пред нас се уште три натпревари, секако ова е тешко гостување знаеме против каков противник играме. Сепак, ние имаме желба да го поправиме впечатокот од првиот натпревар во кој бевме декласирани. Како и што очекувавме нашиот противник во Скопје одигра натпревар со многу додавања, а сигурно дека и утре ќе се обидат да направат нешто слично“.
„Натпреварот во кој загубивме убедливо треба, да биде натпревар од кој мораме да извлеме поука и во овој реванш да се поставиме со подобра организација и да оставиме колку што е можно помалку простор“, изјави Јаневски.
Вардар на првиот натпревар во Скопје против Сосиедад запиша убедлив пораз од 0:6.