Дома Фудбал Јунајтед без Амад Дијало до крајот на сезоната

Јунајтед без Амад Дијало до крајот на сезоната

Еден од клучните играчи на Манчестер Јунајтед, Амад Дијало, заработи сериозна повреда која веројатно ќе го оддалечи од остатокот на оваа фудбалска сезона.

Повредата на Дијало, која ја здоби пред натпреварот со Тотенхем, сè уште не е детално објаснета.

Оваа сезона, Дијало е најконстантниот играч во тимот предводен од Рубен Аморим, со учинок од 9 голови и 7 асистенции.

„Исклучително сум разочаран што ја пишувам оваа порака во толку важен момент од сезоната. За жал, ќе отсуствувам одредено време поради повреда. Ќе се вратам посилен од било кога! Време е да ги поддржиме момчињата од надвор. Има уште многу да се игра“, сподели Диало на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…