Дома Видео Ѕвездите од Баерн се подновија со нови Audi автомобили – најмногу го бараа овој модел

Ѕвездите од Баерн се подновија со нови Audi автомобили – најмногу го бараа овој модел

Играчите на Баерн Минхен секоја година добиваат нови Audi автомобили на користење од 12 месеци. Таа традиција трае веќе 15 години, а продолжи и оваа година.

Како и минатата година, Audi RS6 беше најпопуларен и најбаран модел, бидејќи повеќе повеќето фудбалери го бараа моќниот караван, а меѓу нив се Хумелс, Жером Боатенг и Тијаго Алкантар. На второ место се Q7 и SQ7 TDI, кои ги избраа Милер и Франк Рибери. Популарен при изборот беше и SQ5, кој сега е во гаражите од Јуп Хејнкес, додека Феликс Геце вози A3 Sportback.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите отпатуваа во Инголштад за да ги преземат своите нови автомобили и ја посетија фабриката која е најголема во сопственост на Audi, а истовремено и втора најголема фабрика во Европа воопшто. Екипата од Баварците имаше можност да види како се произведуваат моделите А3, А4, А5 и Q2. Во оваа фабрика минатата година беа произведени 592.337 автомобили.

Посетата на Баерн во фабриката беше одлична можност за Audi да го покаже својот нов А8 модел, кој е веќе ексклузивно достапен во Европа со V6 мотор. Изложен е и А5 Sportback G-tron, кој може да се движи и на природен гас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…