Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Фиорентина имаше сообрајќајна несреќа

Ѕвездата на Фиорентина имаше сообрајќајна несреќа

Младата ѕвезда на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Киеза попладнево имал сообрајќајна несреќа.

За среќа италијанските медиуми пренесоа дека фудбалерот не е повреден, но во болница е пренесен моторциклист кон учествувал во инцидентот.

Инцидентот се случил во Фиренца попладнево помеѓу плоштадот Пучини и улицата „Виа Барака“. Киеза со својот „Мини Купер“ се судрил со скутер и останал неповреден, но возачот на моторот е пренесен во болница.

Киеза поради мускулна повреда е надвор од тренажен процес и секако нема да игра викендов во натпреварот против Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголемата ѕвезда на Словенија ќе го пропушти натпреварот со Македонија!

Репрезентацијата на Словенија ќе биде ослабена во натпреварот против Македонија бидејќи ов…