Новиот тренер на Лацио, Маурицио Сари сигурно ќе биде многу лут бидејќи еден од најдобрите играчи не се појави на првиот собир.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесува „Кориере дело Спорт“ Луис Алберто не се појавил на првиот собир на тимот и на лекарските прегледи пред почетокот на сезоната.
Тоа го налути раководството на Лацио, кое наскоро ќе има средба со фудбалерот и неговиот агент.
Луис Алберто сака да го напушти клубот, а интерес за неговиот потпис покажуваат Милан и Јувентус.
Меѓутоа, Шпанецот има долг договор и Лацио за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која заинтересираните клубови не се спремни да ја платат.