Дома Тенис Ѓоковиќ со пресврт во полуфинале во Доха! (видео)

Ѓоковиќ со пресврт во полуфинале во Доха! (видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Доха, откако со 2:1 во сетови го победи Грузијецот Басијашвили.

Басијашвили одигра одличен прв сет, во 10. гем ја искористи втората сет топка и го доби првиот сет со 6:4.

Но, потоа Ѓоковиќ заигра многу подобро во решавачките моменти. Уште на стартот од вториот сет освои брејк и потоа ја сочува предност и го заврши вториот сет со 6-3.

Неизвесно беше и во третиот сет, каде Ѓоковиќ направи еден бејк, кој беше доволен за победа и пласман во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…