Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди полуфинале на АТП мастерсот во Париз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ се помачи со Американецот Тејлор Фриц, но на крајот успеа да победи во два сета со 6:4 и 6:3. Фриц му праваше проблеми на Ѓоковиќ во првиот сет, иако се започна со брејк за најдобриот тенисер. Фриц возврати, а потоа се играше гем за гем се до пред крајот на сетот кога Ѓоковиќ го одлучи сетот.




Вториот сет започна со еден брејк и тоа за Фриц, потоа Ѓоковиќ додаде гас и брзо возрати и не дозволи изненадувања. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Хуберт Хуркач кој е 10-ти на АТП листата.