Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со освојувањето на Австралија Опен испиша историја!

Ѓоковиќ со освојувањето на Австралија Опен испиша историја!

Новак Ѓоковиќ денес со пресврт стигна до освојувањето на Австралија Опен.

Ѓоковиќ ја освои 78. титула во кариерата и со што се доближи до Рафаел Надал кој има шест повеќе. Австралија Опен е турнирот на кој Ѓоковиќ има најголем успех, тука Србинот има учинок од 75 победи и осум порази, пред него е само Федерер со 102 победи и 15 порази.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со освојувањето на трофејот Ѓоковиќ стана и првиот тенисер со титули во три различни декади по Кен Роузвел. На Роузвел тоа му успеа во од 50-тите до 70-тите.

Ѓоковиќ го одбрани трофејот и со тоа стана 14. тенисер на кого му успеало тоа во Мелбурн. Новак стана и третиот тенисер со најмалку осум грен-слем титули на еден од најголемите турнири. Надал има 12 на Ролан Гарос, а Федерер осум на Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…