Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Вимблдон откако за два часа и 19 минути го победи Денис Кудла (6:4, 6:3, 7:6).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новак се помачи само во последниот сет кој го доби во тајбрејк со 9:7. Во преостанатите два немаше многу проблеми. Во првиот направи брејк во десетиот гем за да освои сетот, откако поведе со 5:4, Кудла го изгуби својот сервис.
Во вториот направи два брејка, но изгуби еден на свој сервис, до крајот успера да го исконтролира мечот.