Дома Останати Тенис Ѓоковиќ објасни зошто не јаде месо (ВИДЕО)

Ѓоковиќ објасни зошто не јаде месо (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ не јаде месо како што самиот тврди, од етички причини.

Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен и продолжува да игра одличен тенис и е главен фаворит за титулата во Мелбурн. Српскиот тенисер редовно добива прашање за неговата исхрана, а познато е дека не јаде месо, сега објасни зошто.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Среќен сум со начинот на кој се хранам, тоа е една од причините поради кои играм на ова ниво. На почетокот добивав критики, луѓето околу мене не веруваа, имаше многу сомневања, поминав низ различни фази за да се навикнам на новиот стил на живот. Тоа не е само диета, има и етички причини поради се што им се случува на животните. Тоа е поголема причина од она како ја с ќе играм, такво треба да биде животниот пристап и се надевам дека овој пристап ќе расте. Сакам да ги инспирирам спортистите и сите останати да го следат овој вид на исхрана. Јас не кревам тегови, но имам оптимален биланс на брзина, сила, моќ…Мислам дека ништо не ми недостасува. Ќе продолжам да уживам на овој начин“, заклучи Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…