Новак Ѓоковиќ нема да игра за Србија на Дејвис Купот кој ќе се одржи во Валенсија од 13-ти до 18-ти септември.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Виктор Троицки кој е тренер на српските тенисери потврди дека Ѓоковиќ настапот го откажал поради лични причин.




„Не можеме да му се мешаме, тоа е негова лична работа. Едноставно овој пат не може да ни помогне, ќе ни се приклучи ако се пласираме на завршниот турнир во Малага во ноември“, изјави Троицки.




Србија на Дејвис Купот ќе ја претставуваат Миомир Кецмановиќ, Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ и Никола Чачиќ.