Дома Тенис Ѓоковиќ најдобар спортист на Европа

Ѓоковиќ најдобар спортист на Европа

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ по четврти пат ја доби наградата за најдобар спортист во Европа.

Изборот традиционално го организира Полската национална новинска агенција (ПАП), а Ѓоковиќ победи со освоени 172 гласа. Ова е четврто признание во кариерата за Ѓоковиќ, откако претходно победи и во 2011, 2015 и 2018 година.

На второто место е Роберт Левандовски со 133 поени, додека на третото место, новиот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен со 125 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…