Дома Останати Ѓоковиќ за најтешкиот момент во кариерата: Плачев, мислев дека удрив во ѕид

Ѓоковиќ за најтешкиот момент во кариерата: Плачев, мислев дека удрив во ѕид

Новак Ѓоковиќ го откри најтешкиот момент во кариерата, а станува збор за поразот од Јирген Мелцер во четвртфиналето на Ролан Гарос 2010 година.

Ѓоковиќ тогаш водеше со 2-0 во сетови, со брејк во третиот сет, но на крајот загуби, а сега призна дека долго време не можел да се опорави од тој пораз.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Имав многу предизвици во текот на мојата кариера. Еден од нив е во 2010 година и четвртфиналето што го загубив на еден од најголемите турнири, на Ролан Гарос. Се чувствував како мојот свет и соништата да се распаѓаат и не бев доволно добар за да го постигнам тоа. Тогаш буквално плачев во собата на мојот тренер Марјан Вајда и физиотерапевт. Во тоа време се чувствував многу лошо – како да удрив во ѕид и да не можам да продолжам“, искрен беше Ѓоковиќ.

„Тие ме оставија да плачам, за да ги извадам сите емоции од мене. Благодарен сум им за тоа, бидејќи тоа беше пресвртница. Секој вели дека тренерот е тој што треба да го крева тенисерот кога му е тешко и да го направи силен, но за мене најдобар тренер е оној што е тука за тебе како човек, пријател и рамо за плачење, оној што те разбира и те поддржува дури и кога сакаш да си ја исплачиш душата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…