Дома Останати Ѓоковиќ го освои Париз за историска 37 мастерс титула

Ѓоковиќ го освои Париз за историска 37 мастерс титула

Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека е најдобар тенисер на светот и го победи Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова за Ѓоковиќ беше одмазда над Медведев за финалето на УС Опен, а воедно стигна и до историската 37 мастерс титула.

Русинот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 6:4 после 42 минути игра, но потоа Ѓоковиќ се „разбуди“ и заигра многу подобро.

Во вториот сет направи брејк на 3:1, а потоа го осовои рутински со 6:3. Одлучивачкиот сет видовме доминација на Ѓоковиќ каде направи два брејка и дојде до предност од 5:2, а потоа го доби сетот со 6:3.

Ова воедно за големиот ас беше шести триумф во Париз или вкупно 37 Мастер титула со што го остави зад себе Рафаел Надал (36).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…