Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Што денеска можете да следите на Мундијалот во Русија?

Што денеска можете да следите на Мундијалот во Русија?

Светското првенство во Русија ни донесе многу изненадувања веќе во првото коло, а денеска ‘лудницата’ продолжува кога ќе се стави точка на првото коло од групната фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На програмата се три натпревари, а за прв пат на сцената ќе ги видиме репрезентациите од Група Х. Исто така, во центарот на вниманието ќе биде и вечерашниот натпревар меѓу домаќинот Русија и Египет, со што ќе започне второто коло од групната фаза.

Од 14 часот љубителите на најважната споредна работа на светот ќе можат да го проследат натпреварот помеѓу Колумбија и Јапонија. Колумбијците пред четири години беа големо изненадување па затоа од нив се очекува многу и на ова СП. Од друга страна атмосферата во Јапонија не е баш најдобра, но овој тим не смеете никогаш да го отпишете.

Вториот натпревар од оваа група е на програмата од 17 часот, а се среќаваат Полска и Сенегал. Според многумина овие репрезентации се изедначени според квалитетот и се очекува спектакуларен натпревар кој ќе се одигра во Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

На Куман му падна мрак на очи: Холандија на бизарен начин остана без двајца фудбалери!

Репрезентацијата на Холандија на бизарен начин остана без двајца фудбалери за натпреварот …