Дома Трансфер зона Шпанските гиганти го сакаат капитенот на Милан

Шпанските гиганти го сакаат капитенот на Милан

Барселона и Атлетико Мадрид се во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми тврдат дека на врвот на листата желби е капитенот на Милам, Алесио Ромањоли.

Ромањоли во дресот на Милан се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец има договор со Милан до 2022 година, но е разочаран од моменталната ситуацијата и јавно призна дека сака да игра во Лигата на шампиони.

Барселона и Атлетико Мадрид следното лето ќе водат голема битка за неговиот потпис и се спремни да понудат помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Милан изминатите години ги одбиваше сите понуди за Ромањоли и ќе направи се за да го задржи на „Сан Сиро“, но останува да видиме дали ќе одолее на „нападите“ од шпанските гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…