Жозе Мурињо е секогаш „гладен“ за нови искуства и еден ден ќе го напушти Манчестер Јунајтед за да може да ја збогати својата биографија, призна „Специјалниот“ во интервју за француските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Некогашниот тренер на Порто, Челзи, Интер и Реал одби директно да одговори дали во скора иднина ќе работи во Франција, но не ја затвори вратата за ПСЖ.
„Она што можам да го кажам е дека сум тренер со амбиции и со желба да направан нови достигнувања во кариерата“, изјави 54-годишниот Португалец на течен француски јазик.
„Пред некој ден мојот син одлучи да оди да гледа натпревар во Париз, а не во Манчестер. Зошто Париз? Затоа што Париз сега има нешто посебно. Постои магија, младост и квалитет, навистина фантастично“, заклучи „Специјалниот“.
ПСЖ ова лето ги донесе Нејмар и новото француско „чудо“ Килијан Мбапе, а не престануваат шпекулациите дека „светците“ сакаат да го донесат и Мурињо на клупата.