Дома Останати Тенис Шок за Ѓоковиќ: Не доби виза за влез во Австралија!

Шок за Ѓоковиќ: Не доби виза за влез во Австралија!

Новак Ѓоковиќ иако потврди дека ќе игра на Австралија Опен и отпатува за Австралија, сепак тенисерот не доби виза за влез во земјата.

Српскиот тенисер тврдел дека не може да се вакцинира поради здравствен проблем, но Владата на Викторија не го признала доказот и го одбила неговото барање. Сега Ѓоковиќ има право на жалба и останува да видиме што ќе се случува во наредните неколку часа кога треба да има конечна разврска на целиот случај.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Претходно и премиерот на Австралија јасно порача дека нема да има „медицински исклучок“ како што најави Ѓоковиќ, доколку ги нема потребните документи (доказ дека не смее да се вакцинира).

Ѓоковиќ претходно добил дозвола од стручна здравствена комисија на Австралија Опен, меѓутоа не и од австралиската влада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Борусија ја победи конкуренцијата за еден од најбараните напаѓачи

Како што пренесуваат германските медиуми Серу Гираси е главната цел на Борусија во летниот…