Лоши вести доаѓаат од таборот на француската репрезентација. Првата ѕвезда Антоан Гризман го напушти денешниот тренинг поради повреда на зглобот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, проблемите на ѕвездата на Атлетико Мадрид не се сериозни и тој се очекува да биде спремен за вториот натпревар од групата против во Перу во четврток.
„Неговиот зглоб е малку отечен по натпреварот со Австралија, но ништо не е загрижувачко“, изјави соиграчот Рафаел Варан по денешниот тренинг.
Крилото Томас Лемар и дефанзивецот Самуел Умтити исто така имаат мали повреди, но шансата да го пропуштат натпреварот со Перу е мала.