Дома Фудбал Италија Шок за Рома: Наинголан ја заврши сезоната?

Шок за Рома: Наинголан ја заврши сезоната?

Играчот за врска на Рома се поврди на денешниот натпревар против Болоња, а во таборот на „волчицата“ стравуваа дека за него сезоната е завршена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наинголан го напушти теренот во 15-та минута, а тренерот Ди Франческо после натпреварот изјави дека повредата најверојатно е сериозна.

„Не делува добро. Сите знаеме каков борец е „нинџа“, но не можеше да продолжи. Три пати ми довикнуваше дека сака да остане на теренот, но не можеше да издржи. Можам само да замислам какви болки трпеше. Наликува дека е тешка повреда, ќе видиме што ќе каже лекарскиот тим“, откри Ди Франческо.

Наинголан готово сигурно ќе го пропушти натпреварот против Барселона во среда во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зошто за Белингем не се применуваше новото правило на ФИФА?

Англиската фудбалска репрезентација се соочи со обвинувања за привилегиран судиски третман…