Фудбалерите на Борусија Дортмунд играат на домашен терен против Лацио во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред самиот старт на мечот беше соопштено дека нема да игра најдобриот фудбалер на „милионерите“, Ерлинг Халанд.
Од Дортмунд беше соопштено дека Халанд е повреден и според првите информации од Германија, тој ќе паузира до крајот на годината.
Норвежанецот го повредил бутниот мускул на последниот тренинг и ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.
Ова е голем удар за „милионерите“, бидејќи 20-годишниот Халанд постигна 17 гола во 14 меча оваа сезона.