Дома Фудбал Шок во ПСВ: Легендата си замина на едно коло пред крајот!

Шок во ПСВ: Легендата си замина на едно коло пред крајот!

Легендарниот Руд Ван Нистерлој повеќе не е тренер на ПСВ, потврди холандскиот клуб.

Поранешниот репрезентативец на Холандија си заминува на едно коло пред крајот на шампионот.

„Главниот тренер Руд Ван Нистерлој не извести дека си заминува. Клубот жали поради неговата одлука и му е благодарен на освоениот Куп и Суперкуп на Холандија“, стои во соопштението со напомена дека се надеваат дека сезоната ќе ја завршат на второто место.

ПСВ во недела ќе игра против АЗ Алкмар во последното коло од првенството, а во овој натпревар екипата од клупата ќе ја предводи Фред Рутен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона повторно го сака Бергвал, но Јувентус има поконкретен план

Лукас Бергвал има само 144 минути во Премиер лигата сезонава. Барселона повторно го следи,…